Бензема: Немам ништо против Родри, но тој не е ни блиску до Винициус!

Францускиот фудбалер Карим Бензема е лут поради одлуката Родри од Манчестер Сити да ја освои „Златната топка“ за најдобар играч на светот, а не ѕвездата на Реал Мадрид, Винициус Јуниор.

Поранешниот капитен на мадридскиот тим истакна дека Вини е многу тажен поради таквиот епилог, но истакна и дека тоа само му дава уште поголем мотив да продолжи да работи.

„Разговарав со Вини и тој ми кажа дека е тажен, а како да не е. Со месеци се шпекулираше дека „Златната топка“ му припаѓа нему, а потоа, не ден претходно, туку еден час пред доделувањето, сè се смени. Би било тешко за секого, и јас целосно го разбирам. Но, тој е добро момче и добар играч кој ќе продолжи да работи уште повеќе за да докаже дека навистина е најдобар на светот“, изјави Французинот.

Бензема истакна и дека овие негови зборови не се насочени против Родри за кого смета дека е одличен фудбалер, но сепак не може да се споредува со Винициус.

„Родри е одличен играч и навистина немам ништо против него. Но, додека седите дома во вашата фотелја и гледате натпревар каде што тој игра, во ниту еден момент нема да кажете „леле“, што не е случај за Вини. Тој сигурно е најдобар фудбалер на светот“, рече Бензема.

Винициус и останатите членови на Реал Мадрид ја бојкотираа церемонијата и никој не отпатува во Париз