• Сашо Поповски

Реал Мадрид го надигра Леванте на домашен терен и го испрати тимот во Валенсија во Сегунда.
Екипата на Енис Барди ги загуби сите шанси за опстанок во Примера. На дуелот во престолнината прими шест гола, а еден од нив беше одигран по перфектна акција која ги вклучи Лука Модриќ, Карим Бензема и Винициус жуниор.
Мадриѓани од поодамна ја осигураа титулата во домашното првенство и сега полека се подготвуваат за финалето во Лигата на шампионите, кое на 28 мај ќе го одиграат против Ливерпул.