ВИДЕО: Бензема и Винициус херои, Реал со пресврт ја сруши Севиља!

Реал Мадрид пак покажа класа и со пресврт ја победи Севиља на „Стантијаго Бернабеу“ со 2-1 (1-1), во рамките на 15. коло на шпанската Примера. Иако гостите од Андалузија рано поведоа во Мадрид, со погодоците на Карим Бензема и Винициус Жуниор бодовите не заминаа од шпанската престолнина. 

  • Извештај од натпреварот: 

Рафа Мир беше човекот кој го „отвори“ Реал. Течеше 12. минута од натпреварот кога напаѓачот на Севиља по центаршут од корнер на Акуња, со глава го матираше Тибо Куртоа за изненадувачки 0-1 во дербито. 

Рафа Мир и Лукас Окампос се заканија и по погодокот за водство на гостинската екипа, ама тогаш Куртоа реагираше присебно, додека ударот на Аргентинецот заврши во пречката. На спротивната страна огромна шанса имаше Винициус, кој иако излета сам пред голот не успеа да го надмудри Боно. Израмнувачкиот погодок беше дело на Карим Бензема, кој во 32. минута биеше по средината на голот, ама противничкиот голман не реагираше според очекувањата и дојде до егал (1-1). 

Во продолжението „кралевите“ беа поблизу до втор погодок. Се закануваа Марко Асенсио и Давид Алаба, чии удари завршија над голот на Севиља. Отпорот на гостите беше скршен во 87. минута, кога Винициус Жуниор постигна атрактивен погодок од шеснаесетникот. Бразилецот биеше неодбранливо за Боно и го комплетираше пресвртот (2-1). 

До крајот на дуелот Реал можеше да добие и пенал, бидејќи невнимателен во својот шеснаесетник беше Кунде со стартот над Винициус, ама судиите не се решија за таква одлука. Севиља имаше голема шанса да освои бод во Мадрид, по корнер Томас Делејни со глава биеше и изнуди одбрана на Куртоа, па натпреварот заврши со домашно славје. 

Реал Мадрид е лидер на табелата со 33 бода, пред Атлетико и Сосиедад кој имаат четири помалку, додека Севиља има 28. Вреди да се напомене и дека Реал Сосиедад има натпревар повеќе. 

Состави

Карло Анчелоти

4-3-3

    Julen Lopetegui

    4-3-3