ВИДЕО: Бензема е класа, хет-трик на Асенсио, Реал е ниво над Мајорка

Екипата на Реал Мадрид си ја оствари задачата, лесно ја совлада Мајорка (6-1) и по шест одиграни кола повторно е на врвот во шпанска Примера.

  • Реал Мадрид - Мајорка 6-1:

„Кралевите“ го разбија ривалот и покажаа дека се ниво над сите оние ривали од долниот дел на табелата во шпанската елита. Очекувано, по којзнае кој пат, лидер на победникот беше една од најдобрите деветки во фудбалот, Карим Бензема, поддржан од Марко Асенсио кој за првпат ја доби вистинската шанса од Карло Анчелоти и во целост ја оправда.

Французинот во мрежата на противникот даде два гола и додаде уште две асистенции. Ако сме прецизни, постигна три, но едниот му беше поништен поради фаул со ВАР. Уште во 3. минута напаѓачот на Реал Мадрид го отвори резултатот на „Сантијаго Бернабе“, а потоа во 24. минута Асенсио зголеми на 2-0. Ли-Канг Ин ги врати надежите на Мајорка (2-1) во 25. минута, ама во 29. минута Бензема го проигра Асенсио кој со вториот гол пак ја врати високата предност.

На стартот на вториот дел, Бензема постигна нов гол, ама ВАР-технологијата ја скрати радоста затоа што беше оценето дека тој направил прекршок. Но, во 55. минута Французинот пак беше во улога на асистент, па го проигра Асенсио кој го комплетира хет-трикот против поранешниот клуб и не го прослави од почит. За Шпанецот ова беше прв хет-трик во дресот на „кралевите“. Кога сите помислија дека е готово и дека мечот ќе го намали темпото и интензитетот на игра, Бензема даде нов гол во 78. минута за 5-1 и по него Анчелоти го повлече од игра за да го одмори. Печат на убедливата победа на шпанскиот гигант стави нововлезениот Иско.

  • Виљареал - Елче 4-1:

Во вториот натпревар Виљареал беше подобар од Елче (4-1). „Жолтата подморница“ ја израдуваа Пино, Тригерос, Данјума и Морено, додека единствениот гол за аутсајдерот на хартија го постигна Мохика во 19. минута за 1-1.

Состави

Карло Анчелоти

4-4-2

    Luis Garcia

    4-4-2