Бензема добива нов договор до 2022 година

Шпанските медиуми откриваат дека Карим Бензема ќе ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.

Францускиот напаѓач е главен лик во нападот на „кралевите“ со заминувањето на Кристијано Роналдо, па клубот сега сака да го задржи до 2022 година. Голгетерот ќе добие плата од 11 милиони по сезона и ќе биде еден од најплатените фудбалери во клубот.

Зинедин Зидан е голем фан на 31-годишниот напаѓач, кој пристигна во Мадрид пред една деценија, кога направи трансфер од Лион.

Новиот договор ќе го продолжи неговиот престој на „Сантијаго Бернабеу“ на уште една година. Во новата сезона, Бензема игра одлично и има постигнато шест гола на девет натпревари.