ВИДЕО: Бентеке и Езе го донесоа опстанокот, Палас го надигра „фенерџијата“

Шефилд Јунајтед следната сезона ќе игра во понизок ранг на натпреварување, па мотивите на оваа екипа во последните неколку кола од Премиер лигата не се на највисоко ниво. Во дуелот од 35. коло, Кристал Палас на Рој Хоџсон ги однесе сите три бода од гостувањето кај „фенерџијата“ во елитата, славејќи со 0-2 (0-1).

Почетокот можеше да наговести ваков развој на настаните, откако по акцијата на Езе, белгискиот напаѓач Кристијан Бентеке ја погоди мрежата на Ремздејл (0-1). На почетокот од вториот дел домашниот менаџер Хикенботом ги внесе Озборн и Џебисон, Шефилд Јунајтед заигра поагресивно, но мака мачеше да креира зрели шанси. Темпот опадна, Шефилд како да се предаде и гостите од Лондон со голот на Езе во 88. минута ја потврдија победата со големи три бода се враќаат од гостувањето кај екипата која следната сезона ќе игра во Чемпионшип

  • Извештај од натпреварот: 

Со оваа победа Кристал Палас дојде до 41 бод и не треба да се грижи за опстанокот во последните три недели од натпреварувањето.