Бенитез го одби Бетис, Анри најблиску до клупата на „зелено-белите“

Француската легенда, поранешен фудбалски репрезентативец, а сега млад тренер, Тјери Анри, влезе во трката за нов тренер на шпанскиот прволигаш Бетис. „Зелено-белите” од Севиља се разделија со Кике Сетиен, па раководството веќе почнало разговори со неколку тренери, а меѓу нив и со Французинот.

Менаџерот на Њукасл, Рафаел Бенитез го одбил предлогот, бидејќи води преговори за продолжување на договорот со „црно-белите“. 41-годишниот Анри беше помошник на селекторот на белгиската репрезентација Роберто Мартинез и кратко го водеше Монако.

Според медиумите во Андалузија, противкандидати на Анри му се Руди Гарсија и Јулен Лопетеги.

Бетис сезонава разочара, не се избори за место во Евопа и Сетиен ја плати цената со спогодбен раскина на договорот.