Бенитез доби отказ од Панатинаикос по катастрофалната сезона

Грчки Панатинаикос се раздели со Рафаел Бенитез по разочарувачката сезона во која клубот не успеа да ги постигне своите цели. Искусниот 66-годишен стручњак го предводеше Панатинаикос во вкупно 41 натпревар и оствари учинок од 20 победи, 11 нерешени исходи и 10 порази, со просек од 1,73 освоени бода по натпревар.

Атинскиот гигант ја заврши сезоната само на четвртото место во плејофот од грчкото првенство, додека во националниот Куп беше елиминиран во полуфиналето. Панатинаикос го заврши своето европско патување во осминафиналето од Лига Европа.

Според грчките медиуми, главен кандидат за нов тренер е Јакоб Неструп, 38-годишен дански стручњак кој бележеше одлични резултати со Копенхаген во претходните години.