ВИДЕО: Бенфика со стил до 36. титула! Ја „здроби“ Виторија Гимареш во клучниот меч

Фудбалерите на Бенфика со стил ја одбранија титулата во португалската Примеира и го совладаа тимот на Виторија Гимареш со 5-0 (4-0). Така на два натпревари на конкурентот Порто до крајот на шампионатот имаат осум бода предност и теоретски не можат да бидат стигнати. Оваа титула е 36. за екипата од Лисабон, четврта по ред, а втора со Руи Виторија на клупата.

Младиот аргентинскиот талент Франко Серви во 11. минута ги доведе домаќините во водство, а пет минути подоцна Мексиканецот Раул Хименез зголеми на 2-0. Четвртопласираната екипа на табелата целосно се распадна и до одморот Бенфика постигна уште два гола. Најнапред Пици на додавање на Жонас Гутиерез зголеми на 3-0, а потоа двајцата јужноамериканци само ги сменија улогите за 12. гол на Жонас и 4-0 на полувреме.

Во второто полувреме се играше со побавно темпо и со нова серија на шанси пред голот на Виторија Гимареш. По прекршокот врз Семедо, главниот судија покажа на белата точка, а Жонас со успешно реализиран казнен удар ги постави финалните 5-0.

Порто како вицешампион исто така ќе игра директно во групната фаза на Лигата на шампионите, а Спортинг ќе мора да игра квалификации на Лигата на шампионите.