ВИДЕО: Бенфика и Мурињо се спасија од пораз, но ја губат трката за ЛШ

Екипата на Бенфика не одлучува веќе сама за пласманот во квалификациите за Лигата на шампионите идната сезона. Тимот предводен од Жозе Мурињо вечерва се спаси од пораз против Брага (2-2) и на едно коло до крајот на португалскиот шампионат остана без втората позиција на табелата.

Голема заслуга за тоа има и Спортинг, кој со убедливата победа од 1-4 над Рио Аве се искачи на второто место со два бода повеќе од градскиот ривал. 

На „Да Луж“ Бенфика прва дојде до предност, откако Рафа Силва ја затресе гостинската мрежа, но Брага експресно возврати и со головите на Виктор и Горби направи комплетен пресврт. Бодот за надеж на лисабонскиот гигант го постигна Павлидис од пенал во 95 минута.