ВИДЕО: Маритимо му го „зеде скалпот“ на фаворитот, Бенфика одново загуби

Екипата на Бенфика ја продлабочи кризата и загуби со 2-0 (0-0) на гостувањето кај Маритимо, во средбата од 29 коло на португалската Примиера лига. Со овој пораз, тимот од Лисабон му дозволи на Порто со вечерва кај Фереира да се одлепи на огромни шест бодови позитива. 

  • Извештај од натпреварот:

Иако Бенфика беше апсолутен фаворит и ја контролираше играта, беше инфериорна во напад. Тоа го искористија домаќините, кои трите удари во рамките на голот ги погодија за вистински дебакл, но последниот не важеше поради офсајд. 

Продорниот бек Нану беше херој на Маритимо, бидејќи во 74. и 78. минута самостојно ги одработи двете акции и им „сервираше“ лесни реализации на Кореа и Пињо. За ударот врз претендентот за титула да биде посилен, Жоел погоди во последната минута од натпреварот, но поради недозволена позиција истиот беше поништен. 

До крајот на сезоната Бенфика треба да одигра уште пет натпревари, додека ривалот Порто шест, а веќе има три бодови позитива.