ВИДЕО: Бенфика се извади од проблемите и со два доцни гола го победи Мореирензе

По дебаклот во Лигата на шампионите и домашниот пораз од РБ Лајпциг, првакот на Португалија, Бенфика од Лисабон пронајде енергија и се извади од нови проблеми во Примеира. Во саботниот дерби дуел од шестото коло, Бенфика славеше на теренот на Мореирензе со 1-2.

По мирниот прв дел, екипата на Бруно Лаж мораше да се враќа од 1-0 до 1-2 на теренот на аутсајдерот Мореирензе. Рафа Силва и Харис Сеферовиќ во последните пет минути постигнаа два гола и пораз претворија во победа.

Белененшеш пред своите гледачи неочекивано загуби од Рио Аве со 0-2 со головите на Мореира и Лопес.

Спортинг Лисабон на домашен терен го пречекува лидерот Фамаликао, а Порто е голем фаворит против Санта Клара на „Драгао“.