Бенфика прифатила сто милиони, Дарвин Нуњез доаѓа на „Енфилд роуд“

На повидок е вториот голем трансфер ова лето, по оној на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд во Манчестер Сити. Првата ѕвезда на португалскиот гигант Бенфика, Дарвин Нуњез заминува во англискиот гигант Ливерпул за огромни сто милиони евра.

Бенфика ја прифатила понудата од Клоп и оперативците на Ливерпул вредна осумдесет милиони евра плус дваесет милиони евра во име на бонуси. Од претходно договорени се личните услови на Уругваецот со клубот од „Енфилд роуд“, па „црвените“ ќе добијат огромно засилување откако напаѓачот ќе ги мине лекарските прегледи.

Дарвин Нуњез ќе добива плата од осум милиони евра и ќе остане во Ливерпил најмалку пет години, како што ќе биде наведено во договорот. Уругваецот ќе го заземе местото на Садио Мане, кој до крајот на преодниот рок ќе го напушти клубот. Фаворит за неговиот потпис е минхевски Баерн.