ВИДЕО: Бенфика пресилна за Виторија Гимареш, „орлите“ го освоија Суперкупот

По лошите резултати на пријателските натпревари, Бенфика го освои првиот трофеј во новата сезона, откако во Авеиро триумфираше во Суперкупот на Португалија со 3-1 (2-1) против Виторија Гимареш.

Екипата на Руи Виторија започна моќно и прелесно по само 11 минути водеше со 2-0. Најнапред погоди Жонас Гутиерез, а потоа и засилувањето од Ајнтрахт, швајцарскиот напаѓач Харис Сеферовиќ.

Виторија Гимареш за момент се врати во натпреварот со голот на Рафиња во 43. минута. Цело второ полувреме се редеа шанси пред голот на инфериорната екипа, а Раул Хименез во 83. минута го постигна голот за потврда на победата и освојувањето на Суперкупот (3-1).

Бенфика и во новата сезона е најсериозен кандидат за титулата во Примеира и ќе се обиде по петти пат по ред да стане првак на Португалија.