Бенфика пред титула: Феиренсе ги издржа налетите на Порто

Фудбалерите на Порто на пет кола до крајот на португалскиот шампионат, по ремито на Бенфика против Спортинг, имаа шанса со победа против Феиренсе да се доближат само на еден бод до лидерот. Но, на дуелот против Феиренсе одиграа само 0-0 и така останаа на три бода до првопласираната Бенфика.

Фудбалерите на Нуно Еспирито Санто во текот на натпреварот имаа безброј шанси за погодок, но голманот на гостинскиот тим Вана не дозволи да биде совладан. Особено беше изразена иницијативата во вториот дел, кога гостите не излегоа од својата половина, но и тоа на крајот не беше доволно Порто да слави победа.

Во наредното 31. коло Порто оди на гостински терен кај тимот на Чавес, додека екипата на Бенфика на домашен терен го пречекува Есторил.