Бенфика побара странски судии за натпреварите на кои игра Порто

Бенфика

Екипата на Бенфика загуби во големото дерби во португалското првенство против Порто и сега има четири бода предност во однос на лутиот ривал во трката за титулата.

Од тимот од Лисабон се пожалија дека главниот судија Артур Соарес Диас имал директно влијание врз конечниот резултат. Поради тоа клубот јавно се огласи и побара странски судии на преостанатите натпреварите на фаворитите за шампионскиот трофеј до крајот на тековната сезона.

Фудбалската федерација на Португалија (ФПФ) доби официјално барање на кое се очекува одговор во наредните неколку дена. 

Бенфика пронајде и откри шест сомнителни ситуации кои смета дека влијаеле на резултатот и неуспешниот натпревар на „Драгао“.