Бенфика одново тропа на врата кај Наполи за трансфер на Елмас

Елмас

Бенфика е сериозно заинтересирана да го доведе Ељиф Елмас. Големиот талент, кој настапува во Наполи, ќе има можност да покаже дел од своите несомнени квалитети на претстојното Европско првенство.

Португалскиот гигант долго време се поврзува со името на македонскиот репрезентативец. Пазарната вредност на офанзивецот е околу 20 милиони евра.

Меѓутоа со досегашните настапи Елмас го има убедено раководството на калчолигашот. Клубот нема така лесно да се откаже од него, единствено ќе го преземе тој чекор ако добие понуда која што не се одбива.

22-годишникот не се изнаигра со Џенаро Гатузо. Меѓутоа сега ќе соработува со Лучијано Спалети и ќе се надева на поголема минутажа во редовите на „наполитанците“.

Македонскиот интернационалец ја заврши сезоната со 33 настапи и два гола во дресот на тимот од Неапол.