ВИДЕО: Бенфика не губи двапати - шампионот подобар од Спортинг во градското дерби

Фудбалерите на Бенфика им се вратија на победите, откако минатиот викенд го претрпеа првиот пораз во португалската Примеира. Големото градско дерби помеѓу Бенфика и Спортинг на преполниот во црвено обоен „Да Луж“ им припадна на домаќините со 2-1 (1-0), во меч со добра игра на двете екипи.

Гостите подобро почнаа и преку Дост и Мартенс ги имаа првите закани по голот на шампионот. Меѓутоа по еден контра напад, за кој фудбалерите на Спортинг сметаа дека започна со играње со рака на Пици, Бенфика поведе по перфектната акција на Хименез и Салвио, по која Аргентинецот ја погоди мрежата на Руи Патрисио (1-0).

Момците на Руи Виторија играат многу поопуштено по водството и по една убава акција во 47. минута погоди за 2-0 и комотно водство на домаќините. Сепак Спортинг не беше така инфериорен за да биде целосно надвор од мечот. Затоа во 69. минута Холанѓанецот Бас Дост со реакција на втора статива со глава ја погоди мрежата на Едeрсон Мораеш за 2-1. До крајот на мечот гостите се обидоа со целосна офанзива, Кемпбел имаше зицер пред Едерсон, но премногу чекаше и пропадна ветувачка акција за „орлите“. Бенфика со оваа победа сега има четири бодови повеќе од Порто, а пет од Спортинг.