Бенфика не е наивна, но Ливерпул е друга димензија

Откако се искачи на покривот на Европа во 2019 година, Ливерпул не отиде подалеку од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Минатата сезона застана токму на тој чекор, а една сезона претходно во осминафиналето. Сега повторно е тука, во фоајето на полуфиналето. Оваа сезона има неспоредливо полесен ривал од претходните две кога се соочи со Реал Мадрид и Атлетико Мадрид. Многумина ќе кажат дека со Баерн, Ливерпул имаше најмногу среќа во ждрепката, но првиот впечаток лесно може да измами.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Бенфика и Ливерпул

Иако не може да биде во чекор со Порто и Спортинг на португалскиот маратон, Бенфика, особено под команда на Нелсон Верисим, покажа дека знае да игра на резултат. Најпрво во друштво на Баерн и Барселона успеа да се извлече од групната фаза, а потоа во осминафиналето да го исфрли фаворизираниот Ајакс во преполната „Јохан Кројф Арена“. Сега тимот од Лисабон е пред уште потешка задача. И многу потсетува на 2006 година. Тогаш Бенфика како голем аутсајдер во осминафиналето без примен гол во двомечот го исфрли Ливерпул, тогаш актуелниот европски првак. На истото сценарио повикуваат и на „Да Луж“ и се надеваат дека за првпат по 1990 година и финалето со Милан може да биде меѓу четирите најдобри во Европа.

Квоти за останатите четвртфинални натпревари во ЛШ

На хартија, тоа сигурно не се. Свесен е и Јирген Клоп за улогата на фаворит, во која го става фактот дека победи на 16 од последните 17 натпревари во сите натпреварувања, но и севкупниот квалитет на играчкиот кадар. Германецот потсетува дека доволно долго е во оваа работа за да им дозволи на играчите да го потценат ривалот, нагласувајќи дека во своите редови има поранешни играчи на Порто кои ќе имаат повеќе мотив да ѝ се спротивстават на Бенфика. Диого Жота, кој не победил на четирите дуели и Луис Диаз, кој никогаш не загубил во седум борби. Овој пат со здружени сили, во некој друг однос на силите, ќе се обидат да ја свртат на плеќи.