• Иван Димовски
Фудбалерите на Бенфика го освоија трофејот во португалскиот Суперкуп, откако го победија градскиот ривал Спортинг (0-1) на „Естадио Алгарве“.
Извештајот од натпреварот погледнете го на ОВОЈ линк
Има Спортинг за што да жали по овој натпревар, бидејќи уште во петтата минута успеа да постигне гол преку Педро Гонсалвеш кој беше поништен поради недозволена позиција. Се играше доста тактички во првиот дел, а Бенфика стекна предност на стартот на продолжението.
Вангелис Павлидис со удар од шеснаесетникот го матира противничкиот голман и од 50. минута Бенфика стекна предност од 0-1. Во продолжението Спортинг успеа да се наметне, ама не и да се врати резултатски.
Оваа победа за Бенфика значи одмазда за загубениот трофеј во шампионатот и Купот минатата сезона, а со сигурност носи мотивација плус пред стартот на новата.

