ВИДЕО: Бенфика ја врати титулата во Лисабон, претседателот вети двојна премија!

По едногодишна пауза Бенфика ја врати титулата од Примеира во Лисабон. Со неверојатен пресврт во вториот дел на сезоната во португалскиот шампионат, екипата која го смени Руи Виторија и го донесе Бруно Лаж за два бода мина пред Порто на табелата и ја потврди доминацијата во последната деценија. Oва е 37-ма титула за најтрофејниот клуб во Португалија. 

Во последното коло на „Да Луж“ падна Санта Клара со 4-1. Швајцарскиот напаѓач Харис Сеферовиќ со два постигнати гола беше јунак на натпреварот, а по еден гол постигнаа португалските репрезентативци Жоао Феликс и Рафа Силва. По натпреварот, претседателот на клубот Виеира на фудбалерите им ја честита титулата со двојно поголема премија од ветената. 

Порто го доби дербито на „Драгао“ против Спортинг Лисабон со 2-1 и ја потврди вицешампионскта титула. Данило Переира и Хектор Херера во финишот приредија пресврт, откако „зелено-белите“ поведоа со голот на Луиз Фелипе во 61. минута.

Стефан Ристовски не настапи заради суспензија. Овие две екипи следната недела ќе се сретнат во финалето на Купот на Португалија. 

  • Бенфика - Санта Клара 4-1: 

  • Порто - Спортинг 2-1: 

  • Прославата на титулата на Бенфика: