ВИДЕО: Бенфика ја совлада Брага и ќе игра со Маритимо за Лига Куп титулата

На 20 мај во Коимбра во финалето на португалскиот Лига Куп ќе се сретнат Бенфика и Маритимо. Откако пред неколку недели Маритимо го совлада Портимонензе со 3-1, вечерва Бенфика на „Ла Луж“ беше подобра од Брага со 2-1 (0-1) и покрај опциите за освојување на Премиера, сега може да додаде уште еден трофеј во богата ризница.

Отпорот на Брага на тренерот Фонсега беше скршен во второто полувреме, откако првиот дел лелосно им припадна на гостите кои со голот на Рафа Силва поведоа со 0-1.

Бразилецот Жонас Гитуерез во 58. минута израмни на 1-1, а 13 минути подоцна со голот на Мексиканецот Хименез, Бенфика стигна до 2-1, победа и место во финалето.