ВИДЕО: Бенфика ја декласира Брага и блиску е до трета титула по ред

Бенфика се наоѓа на прагот да стигне до третата титула во португалската Примеира, откако со убедливи 5-1 (3-0) ја совладаа Брага, во едно од последните дерби средби до крајот на сезоната.

„Орлите“ лесно се справија со екипата на Фонсека и уште во првото полувреме го решија прашањето на победникот. Митроглу во 17. минута го отвори резултатот, Жонас Гутиерез од пенал во 37. зголеми на 2-0, а кога Пици три минути подоцна погоди за 3-0 извесно беше кој ќе се радува. 

Грчките интернационалци Митроглу во 71. минута и Самарис четири минути подоцна зголемија на 5-0, а Сантос од пенал во судиското надополнување го постигна почесниот гол за Брага. Во пресрет на останатите мечеви од 28. коло Бенфика има пет бода повеќе од Спортинг, кој в недела игра против Белененсес.