Бенфика и Спортинг во „клинч“ за трофејот во Лига купот на Португалија

Бенфика и Спортинг осцилираа во првенството во изминатите седмици, нешто што го искористи Порто и направи забележлива разлика на челната позиција на табелата, па Лига Купот за тимовите од Лисабон може да биде шанса еден од двата тима да се врати на победнички колосек и повторно да дојде до посакуваната самодоверба.

Актуелниот шампион на Португалија доби едно меѓусебно дерби оваа сезона и тоа како гостин на „Луж“ на почетокот на ноември (3-1), но на стартот на оваа година, со поразите од Санта Клара и Брага успеа да расипе сè. Бенфика слично ја почна годината, прво загуби во дербито со Порто, а потоа разочара со ремито против Мореиренсе, па сега има дури девет бода заостанување во однос на Порто. Трофејот во Лига Купот поради сите овие факти има голема важност во овој момент.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Бенфика и Спортинг

Иако на последните две меѓусебни пресметки паднаа дури 11 гола, веруваме дека директната борба за трофеј ќе донесе доста повнимателна и тврда игра. Тешко ни е да ставиме една од екипите во улогата на благ фаворит затоа што не се прославија во полуфиналето. Бенфика по пенали ја елиминира Боависта, додека Спортинг со играч помалку ја скрши Санта Клара, па головите затоа ни се примарна опција. Нема да нè изненади ако пеналите го дадат победникот.