• Зоран Мишевски

Вечерва со првите натпревари на Бенфика и на Порто започна новата Примеира. Фаворитите забележаа лесни победи пред своите гледачи и најавија нова борба за титулата.
Бенфика, која минатата недела го освои Суперкупот на Португалија, пред своите гледачи го надигра тимот на Брага со 3-1 (2-1). Истите стрелци од Суперкупот Сеферовиќ, Жонас Гутиерез и Салвио погодија и против Брага.
Порто претходно лесно се справи со Есторил Праја, победувајќи ја со 4-0 (1-0). Главна ѕвезда беше Муса Марега со два постигнати гола, а по еден постигнаа Брахими и Маркано.