ВИДЕО: Бенфика го декласира Порто, Спортинг за Аморим се врати од 2-0 до триумф!

Фудбалерите на Бенфика се радуваа на убедлива победа во големото португалско дерби против Порто со 4-1 (1-1). 

Резултатот на „Да Луж“ го отвори Карерас, а Саму Омородион израмни на 1-1 пред полувремето. Тогаш Бенфика во целост се наметна во вториот дел. Анхел Ди Марија во 56. минута ја врати предноста (2-1), а потоа Перез си даде и автогол за 3-1. Точка на победата стави повторно аргентинскиот ветеран кој од белата точка го постави конечниот резултат. 

Рубен Аморим се прости од Спортинг со драматична победа, откако се врати од 2-0 до 2-4 на гости кај Брага. Поведе домаќинот преку Хорта кој беше двоен стрелец. Сепак, во продолжението Морита и Хјулманд израмнија (2-2), за во последните минути Хардер да даде два гола и да донесе голем триумф за шампионот. 

Головите од натпреварот меѓу Брага и Спортинг погледнете ги на ОВОЈ линк

Спортинг е водечки во Португалија со 33 бода, шест помалку има Порто, додека Бенфика дојде на 25.

Состави

Бруно Лаж

4-2-3-1

    Vitor Bruno

    4-2-3-1