• Горан Упале
Екипите на Бенфика и Порто одиграа уште едно возбудливо дерби на Португалија. На „Да Луж“ во Лисабон домашниот тим, предводен од Жозе Мурињо, се врати од 0-2 и освои голем бод (2-2), а во центарот на вниманието одново беше португалскиот стратег.
Порто беше подобриот ривал на теренот во првиот дел. Фрохолд и Пјетужевски донесоа комотни 0-2 за лидерот на табелата, но Моу и неговите момци не се предадоа. Андреас Шјелдеруп намали на 1-2, додека во 88. минута Бареиро стрелаше за ерупција на трибините и израмнување на 2-2.
По голот Мурињо влезе во конфликт со противничката клупа и претера со однесувањето, па главниот судија му го покажа патот кон соблекувалната. Покрај „специјалниот“ црвен картон заработи и капитенот Отаменди.
JOSE MOURINHO RED CARD pic.twitter.com/Xldv2wzwmC
— KING OF GOALS (@KingUnited100) March 8, 2026
Од ова реми најмногу профитираше Спортинг, кој сега е на само четири бода негатива во однос на Порто, додека Бенфика, која што е трета заостанува седум бода.







