ВИДЕО: Беневенто со „петарда“ го посрамоти Наполи во пријателска средба

Фудбалерите на Наполи, без репрезентативците загубија од мотивираниот второлигаш Беневенто со високи 1-5 (0-2) во пријателска пресметка. 

  • Извештај од натпреварот: 

Натпреварот кој се одигра на „Диего Армандо Марадона“ во целост им припадна на гостите, иако Наполи играше со неколку првотимци. Спалети на теренот од првата минута ги испрати Фабиан Руиз, Марио Руи, Андреа Петања, Кевин Манолас, Кевин Малкуи, Ирвин Лозано. 

Беневенто поведе со погодоците на Кало и Импрота во првото полувреме. Во продолжението, Матео Политано намали од белата точка, но Наполи немаше сили за враќање во игра. Фулон бргу по голот на Политано пак зголеми на два гола предност, за во финишот Инсиње и Умиле да ги постават конечните 5-1. 

Овој натпревар и покрај резултатот, не треба да биде трагичен за „партенопеите“, пред сè бидејќи момците на Спалети в сабота ќе го дочекаат Јувентус.