ВИДЕО: Беневенто издржа со десетмина, ѝ „откина“ два бода на Рома!

Фудбалерите на Беневенто успеаа повеќе од половина час да издржат со човек помалку и ги задржаа почетните 0-0 против фаворитот Рома во Серија А. Дуелот на „Чиро Вигорито“ беше навистина неизвесен додека Глик не доби црвен картон, а потоа се играше „викторија“ пред голот на Монтипо, но домашните успеаја да се одбранат и освоија бод. 

Натпреварот стартува со тактичко надмудрување, Пипо Инзаги и Пауло Фонсека ги поставија своите екипи подефанзивно, без многу простор за противниците. Првата вистинска закана во гол ја претвори Џанлука Лападула. Поранешниот напаѓач на Милан рутински погоди, ама претходно се најде во офсајд и голот беше поништен. Истиот фудбалер беше најопасен по противничкиот гол, во финишот на полувремето имаше еден дуел со дефанзивците на Рома и за малку не изнуди пенал. 

На стартот од продолжението, по 57. минути игра Камил Гликл го заработи својот втор жолт картон и „вештерките“ на Инзаги останаа со човек помалку против опасниот противник. 

Непосредно по црвениот картон, дупка во одбраната пронајде Рик Карсдорп по центаршут, по што изнуди одлична одбрана од Монтипо. 

Нападот на Рома дополнително го размрда Един Џеко. Босанецот разигруваше и се обидуваше да направи простор за шут, а во самиот финиш можеше лесно да биде херој на „волчицата“. Џеко доби топка на глава и биеше директно во голманот. 

  • Извештај од натпреварот: 

За драмата да биде поголема се погрижи Фулон, кој во 95. минута направи пенал по невнимателниот старт врз Ел Шарави. Сепак, Беневенто беше спасен, бидејќи по преглед на снимките во ВАР собата беше потврден офсајд и одлуката беше поништена за голем бод на домаќинот.