• Зоран Мишевски
Првото овосезонско „Супер-класико“ меѓу Бока и Ривер на препопната „Бонбониера“ во Буенос Аирес им припадна на домаќините, а го одлучи повратникот во шампионатот на Аргентина, Дарио Бенедето. „Војната“ на фудбалските ривали заврши со мининални 1-0, откако дуелот понуди повеќе срце, отколку глава - повеќе витештво, отколку техника.
- Извештај од натпреварот:
Првиот дел беше преполн со борба, стартови на лимит на регуларноста и малку зрели шанси за гол. Двата тренери како да се студираа, а Ривер и Гаљардо имаа интенција повеќе да играат и креираат. Емануел Мамана со глава ја имаше најзрелата шанса во првиот дел, но Агустин Роси одбрани.
Моментот на одлука се случи во 63. минута, кога Пипа Бенедето го надмудри Хавиер Пинола и ја погоди целта (1-0). До крајот скоро и да немаше фудбал. Со замени, бавно темпо и груби стартови невозможно беше да се дојде до шанса за гол. Во седумминутното надополнување директен црвен картон заработи Маркос Рохо, заради груб прекршок со високо подигната нога врз главата на Де Ла Круз.
Со оваа победа Бока му побегна на главниот ривал за три бода и се искачи на третото место со 32 бода од 18 натпревари, еден помалку од лидерот Гимназија Ла Плата.



