Бенџамин Демир се раздели со Шкупи и разгледува понуди

Македонскиот фудбалер Бенџамин Демир во новата сезона ќе има нов клуб, затоа што си замина од екипата на Шкупи.

Демир, кој има 24 години, беше меѓу чаирчани од месец јануари, но двете страни не го обновија договорот за соработка кој траеше шест месеци. Сега, крилниот играч ќе бара нов клуб како слободен.

„Си заминувам од Шкупи по неколку месеци. Голема благорадност до тренерот Ќатип Османи што ми даде шанса, исто така тука е и управата на чело со претседателот Омер Буњаку и до „Шверцерите“. Имам неколку понуди, но нема да брзам со одлуката“, вели Демир.

Бенџамин Демир зад себе има искуство во екипи како Македонија ЃП, Скопје, Работнички, Пелистер, Тетекс, Еуромилк..., а исто така настапуваше и за Интер Запрешиќ, Хајдук 2 и Спартак Суботица. Играчот оваа сезона за Македонија ЃП и Шкупи одигра 19 натпревари на кои даде два гола и додаде уште две асистенции.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.