Бендтнер: Жалам што му ја скршив вилицата на такситот

Никлас Бендтнер, ѕвездата на норвешки Розенборг, беше учесник во инцидент во такси-возило во кој настрада такситот, а неколку дена по несаканата случка се огласи и самиот фудбалер.

Данскиот репрезентативец беше краток и истакна дека му е навистина жал за се што се случило.

„Бев учесник во непријатна случка и имав лоша ситуација во неделата. Во два часот по полноќ. Секако, жалам поради се што се случи“, изјави Бендтнер.

Адвокатот на Бендтнер негира дека фудбалерот бил виновен, а на негова страна е и девојката, која соопштила дека корпулентниот напаѓач реагирал на таков начин во самоодбрана, по кавга околу цената за возењето.