Бендтнер уапсен во Копенхаген, му скрши вилица на таксист

Беше еден од  најголемите дански надежи во последната деценија, но денес Никлас Бендтнер не може да се пофали со успешна кариера и по авантурите во Арсенал и Јувентус две сезони го носи дресот на норвешки Розенборг. 

Данскиот напаѓач репрезентативната пауза наместо да ја искористи за подигнување на својата форма, тој синоќа беше уапсен поради физички напад на таксист.  Бендтнер во Копенхаген засега од непознати причини влегол во конфликт со еден таксист, по што му ја скршил вилицата. 

Овој инцидент не е официјално потврден од данската полиција, но такси компанијата каде работел претепаниот таксист потврди дека еден нивни вработен е физички нападнат и тоа од данскиот голгетер. 

„Можам да потврдам дека еден наш вработен е сериозно повреден, откако вчера беше нападнат. Возачот моментално е на операција на неговата вилица. Нападот веднаш беше пријавен в полиција и можеме да потврдиме дека насилникот беше Никлас Бендтнер. Тој веќе е уапсен.“, изјави портпаролот на компанијата „ДанТакси“, Расмус Крохин. 

31-годишниот дански репрезентативец пред да се пресели во Розенборг низ својата кариера ги носеше дресовите на Арсенал, Јувентус, Волфсбург и Нотингем Форест, а за својата селекција досега одиграно 81 меч, во кои постигна 30 гола.