• Сашо Поповски
Екипата на Вардар овој четврток ќе гостува во Норвешка кај Розенборг во рамки од второто коло во Лига Европа. Нашиот шампион ќе ги брка првите европски бодови и сака да покаже дека убедливиот пораз од Зенит беше лоша вечер.
Норвешкиот претставник доаѓа на дуелот со Вардар со убедлив триумф во домашното првенство против Лилестром. Најдобриот напаѓач на Норвежаните, Никлас Бендтнер постигна два гола на тој меч, но по крајот на истиот се пожали на повреда на коленото.
Тој направи првични тестови, кои покажаа дека не се работи за посериозна повреда и тој ќе биде достапен за натпреварот в четврток против вардарци.
Дуелот на „Леркендал“ стадионот започнува в четврток во 19.00 часот.