Бен Једер: Не можевме да посакаме подобро место за да испишеме историја

По пет освоени трофеи од Лигата на Европа, Севиља конечно ја прескокна бариерата и во Лигата на шампионите. Клубот од Андалузија со победа на „театарот на сништата“ го елиминира големиот и скап Манчестер Јунајтед, а јунак беше вториот стрелец на Лигата на шампионите, Висам Бен Једер.

„Мислам дека овој натпревар нема долги години да го заборавиме. Ова е мојот најсреќен ден во животот, што се однесува до професионалната кариера. Презадоволен сум и оваа победа е за нашите навивачи. Не можевме да посакаме подобро место за да испишеме историја. Севиља никогаш не се предева и тоа го покажавме против екипата на Мурињо“, истакна стрелецот на двата гола.

Со оглед на скромните резултати во Примера, на Севиља и преостанува само уште Лигата на шампионите и Купот на Кралот за трофеј оваа сезона.