ФОТО: Бен Једер ја сруши Барса, а голот му го посвети на „својот брат Сала“!

Екипата на Севиља запиша голема победа до 2-0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Купот на Кралот против бранителот на титулата Барселона

До големата предност во пресрет на реваншот на „Камп Ноу“, Севиља стигна благодарение на Сарабија и Бен Једер, кои ја затресија мрежата на Силесен, а особено внимание привлече прославата на францускиот фудбалер. 

28-годишниот Бен Једер победничкиот гол му го посвети на „својот брат Сала“, кој по трансферот на кариерата од Нант во Кардиф, не успеа да слета на британско тло, откако авионот во кој патувал, исчезна и сè уште се трага по него.