ВИДЕО: Бен Једер ги врати кнезовите во битка за ЛШ

Екипата на Монако по три кола без успех им се врати на победите, дојде до триумф кај Ајачио (0-2) и така се врати во игра за едно од местата кои водат во Лигата на шампионите по крајот на сезоната.

Кнезовите на гостински терен беа одлични и заслужено ги освоија трите бода. Фактор Х на теренот за Монако беше Висам Бен Једер, кој блескаше на теренот и го водеше својот тим до посакуваниот резултат.

Бен Једер имаше клучна улога во акцијата, а потоа го постигна првиот гол во 27. минута за предност на Монако. Вториот гол падна во самиот финиш, откако Ајачио се отвори, а стрелец беше Диата во 84. минута по асистенција на Камара.

  • Извештај од натпреварот:

Патот кон посакуваната победа на Монако му го олесни и црвениот картон на домаќинот кој го доби Бајала во 53. минута од мечот на „Стад Франсоа Коти“. Кнезовите се четврти на табелата во Лига 1 со 54 бода, два помалку од третопласираниот Марсеј, а три помалку од вториот Ленс.

Состави

Olivier Pantaloni

4-4-2

    Филип Клеман

    4-4-2