ВИДЕО: Бен Арфа удри по Лион, Нант го освои целиот плен против Марсеј

Во рамките од вонредното 16. коло на Лига 1, фудбалерите на Лион, на домашен терен неочекувано се поразени од тимот на Рен со 0-2 (0-2).

Почетокот на натпреварот не наговестуваше неуспех на домаќините, имаа повеќе од играта, создадоа неколку шанси, но гостинскиот голман одлично бранеше. Казната за неискорстените шанси стигна во самиот финиш на првиот дел. Најпрво, Хатем Бен Арфа во 41. минута погоди за 0-1, а две минути подоцна Теосон Сибачо зголеми на 0-2.

Во вториот дел домаќините имаа повторно повеќе во играта, се заканија преку Траоре и Тусарт, но денес гостинскиот голман беше едноставно несовладлив и еден од најзаслужните за трите бода на Рен.

Олимпик Марсеј во извонреден натпревар со дури пет гола на гостински терен беше поразен од Нант со 3-2 (2-2). Гостите во првиот дел на двапати имаа предност по головите на Сансон и Товен од пенал, но домаќините израмнуваа со погодоците на Сала и Туре. Во 64. минута Бошила донесе прва предност за „канаринците“, која на крајот беше доволна за освојување на три бода.

Дуелот меѓу Бордо и Сент Етијен заврши со победа на домаќините од 3-2, а мечот го одбележа страшната повреда на Невен Суботиќ. Во останатите дуели, Дижон го совлада Гингамп со 2-1, Тулуз на гости беше пдобар од Ремс со 0-1, а Ним со гол во 95. минута на гости го совлада Каен со 1-2.