ВИДЕО: Бен Арфа му пресуди на Рен, прекината црната серија на Бордо

Хатем Бен Арфа го одлучи дуелот на „Роажон Парк“ на кој Бордо освои три бода со минимален резултат на гостувањето кај Рен (0-1).

Гостите ја прекинаа серијата порази во домашното првенство и започнаа да се искачуваат на табелата. Домашните фудбалери, пак, паднаа за едно место и сега му гледаат во грб на третопласираниот Олимпик Марсеј.

  • Извештај од натпреварот: 

Еден момент во првиот дел го одлучи победникот. Ѕвездата на гостинскиот тим во свој стил се ослободи од противниците и се намести на левата нога. Завршниот удар го зададе по земја, на кој одговор немаше од страна на домашниот голман Гомис.

Остатокот од мечот не донесе никакво возбудување. Од таквиот развој на настаните профитираше Бордо, кој си замина дома со цел плен и го отвори 11. коло со гостинска победа.

Вечерва на програмата е големото дерби меѓу Монако и ПСЖ.