ВИДЕО: Белоруската „бомба“ на Политевич ги порази Грците

Продолжува кризата на резултати на грчката фудбалска репрезентација. Се менуваат селекторите и се подмладува репрезентацијата на нашиот јужен сосед, но се редат порази. Грција вечерва во пријателски натпревар во Атина загуби од Белорусија со 0-1 (0-1).

Сергеј Политевич од слободен удар во 14. минита го постигна единствениот гол на средбата. Во продолжението двете селекции имаа свои шанси, Грците оние позрелите преку Дијамантакос и Торосидис, но резултатот не се менуваше.

Во пријателски натпревар денес ОАЕ го совладаа Бахраин со 2-0 со головите на Ал Мекаини и Абас.