Белорусите не го прекинуваат шампионатот и покрај препораките за СЗО

Само неколку шампионати во фудбал во Европа се активно и за време на пандемијата од ковид-19. Светската здравствена организација испрати свој инспектор во Белорусија по што порача да се прекине фудбалскиот шампионат на оваа земја.  

Д-р Патрик О’Конор ја сними состојбата и најави дека препорачливо е да се сочека со фудбалски натпревари во следниот период. По направените статистички анализи, Светската Здравствена Организација веднаш повика на запирање на фудбалските средби, бидејќи преку нив лесно се шири вирусот.

„Случаите со бројот на позитивните во Белорусија двојно се зголемува на секои 2-3 дена. Тоа е опасно. Од податоците што ги поседуваме јасно е дека тука има континуиран раст на случаи на позитивни на заразата. Оттука и повикот „да се зголемат сите мерки за изолација“ и особено да се „стопираат масовните настани, како што е спортот“ се наша гласна порака до раководствата на оваа земја. Белорускиот министер за здравство, Владимир Караник, на ова одговори дека „прекинувањето на првенствата не е негова одлука“ и тука ни заврши комуникацијата“, изјави претставникот на Светската Здравствена Организација.

Покрај шампионатот на Белорусија, фудбал се игра во Естонија и Таџикистан.