Белоруски Динамо Минск го пикира Бојан Димоски!
Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски е блиску до нов трансфер, откако се појавија сериозни интереси од белорускиот шампион Динамо Минск. Младиот лев бек, кој е под договор со рускиот клуб Акрон, минатата полусезона ја мина како позајмен играч во белградски Партизан, но не успеа да се избори за значајна минутажа.