• Сашо Поповски

Репрезентацијата на Романија запиша убедлива победа над Белорусија (5-3) во пријателски натпревар одигран во Плоешти.
- Романија - Белорусија 5-3:
Очигледен беше поквалитетниот пристап на домашните играчи, кои со четири гола ја наполнаа мрежата на противникот уште во првиот дел. Митреа го започна гол-шоуто, потоа Марин реализира пенал, а до крајот во листата на стрелци се запишаа уште Неделцеару во два наврати и Пушкаш. Утеха за белоруските репрезентативци донесоа Кендиш, Климович и Бакхар во самата завршница.
Литванија очекувано славеше над Фарски Острови (2-1) со головите на Сиргедас и Казлаускас пред самиот крај на првото полувреме. Идентично рутински триумф запиша Малта против Лихтенштајн (2-0), а Црна Гора и Казахстан одиграа без голови во Подгорица.
- Малта - Лихтенштајн 2-0:
Единственото гостинско славје го оствари Летонија на дуелот со Сан Марино (0-3). Броли несреќно си постигна автогол во првиот дел и им го отвори патот на гостинските фудбалери. Тие во продолжението се израдуваа уште двапати. Дубра ја потврди победата на 20 минути до крајот, а Гутковскис стави печат на доброто издание на Летонците.