• Мартин Танасковски
Коронавирусот ги сопре речиси сите фудбалски лиги во светот, но тоа не е случај во Белорусија, каде активно се игра фудбал веќе втор викенд.
Земјата не е зафатена сериозно од новиот вирус ковид-19 за кој засега нема лек. Фудбалот се игра пред навивачи, а еден од нив говореше пред камерите, пред стартот на средбите во претстојното коло.
„Ситуацијата вели дека немаме коронавирус. Или уште ни немаат кажано. Мора да продолжиме да живееме. Петок е, утре ни е слободен ден. Мислам дека ќе победиме“, кажа еден од навивачите.
Друг, пак, истакна дека не се плаши од коронавирусот.
„Не се плашам од коронавирусот. Мојот омилен тим Торпедо игра и и јас ќе бидам со нив засекогаш. И покрај коронавирус, јас секогаш ќе доаѓам на стадион“, потенцира Белорусинот.
Во првиот натпревар од колото, Торпедо ја совлада Белшина (1-0), а во денешните средби Брест победи кај Слутск (0-1), Славија славеше над БАТЕ Борисов (2-1), а дербито на Минск меѓу ФК Минск и Динамо Минск понуди пет гола и триумф на домашните (3-2).
- Слутск - Брест 0-1:
- Минск - Динамо Минск 3-2:
- Славија Мозир - БАТЕ Борисов 2-1:
Пред влезот на сите стадиони во Белорусија се прави специјална контрола, се мери температурата на фановите и се проверува дали постојат евентуални симптоми од коронавирусот.