• Иван Димовски

Фудбалерите на Реал Мадрид гостуваат кај Осасуна во рамките на 24. коло на шпанската Примера.
На овој натпревар уште во првото полувреме „кралевите“ останаа со десетмина на теренот, откако црвен картон заработи Џуд Белингем. Англиската ѕвезда му приговараше на судијата за одредена ситуација, а тој по кратко размислување му го покажа патот кон соблекувалната.
Ликот на Белингем кажува сè, тој беше шокиран од одлука на судијата Хозе Муниера.