• Горан Упале
Англискиот фудбалер Џуд Белингем е првиот во историјата на Реал Мадрид кој постигнал гол на секој од првите четири натпревари во Лигата на шампионите. Нему „тоа му појде од нога“ и на натпреварот против Наполи (4-2) во 22. минута, кога погоди на асистенција на Алаба.
Претходно, Белингем постигна гол во првото коло против Унион Берлин, потоа против Брага во Португалија, во третото коло против Наполи, додека го пропушти натпреварот од четвртото коло против Брага во Мадрид. Репрезентативецот на Англија го постигна својот петнаесетти гол во шеснаесеттиот настап за „кралскиот клуб“.
Доколку продолжи со истото темпо, ќе бидат загрозени многу рекорди кои ги постави Португалецот Кристијано Роналдо, иако, се разбира, рано е да се зборува за тоа. Белингем забележа и асистенција против Наполи. Момчето од Англија направи сè и со тоа додавање му овозможи на Хоселу да постигне лесен погодок.
Тренерот на Мадрид, Карло Анчелоти имаше што да каже за формата на Белингем.
„Тој е спектакуларен е кога влегува во шеснаесетникот, влегува во него како на мотоцикл“, сликовито опиша „Дон Карло“.
Реал со победата над Наполи го обезбеди првото место во групата и ќе биде „носител“ во ждрепката за осминафиналето.