Белингем со 19 години е избран за играч на сезоната во Бундеслигата!

Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, 19-годишниот англиски репрезентативец Џуд Белингем е прогласен за играч на сезоната во Бундеслигата.

Белингем оваа сезона постигна осум гола и забележа четири асистенции за Борусија, која во последното коло го загуби првото место и шампионската титула која единаесетта година по ред му припадна на Баерн.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Bundesliga (@bundesliga)

Во текот на сезоната, Белингем настапи на 31 од 34 првенствени натпревари за „жолто-црните“, но на крајот имаше проблеми со повреда на коленото и поради неа остана на клупата, а неговите соиграчи не успеаја да го совладаат Мајнц 05 и така ја прокоцкаа последната шанса одново да бидат шампиони на Германија. 

Белингем во Борусија пристигна пред три години од Бирмингем Сити за 29 милиони евра, а се шпекулира дека летово треба да се пресели во Реал Мадрид за повеќе од сто милиони евра.

Поради повредата младиот англиска ас најверојатно нема да му се стави на располагање на Герет Саутгејт за квалификацискиот дуел на Англија со Македонија.