ВИДЕО: Белингем одушевен од транспарентот, му го побара на навивачот да го земе!

Реал Мадрид синоќа во Ријад ја декласира Барселона со 4-1 во финалето на шпанскиот Суперкуп. Јунак на натпреварот беше Винициус Жуниор, кој постигна хет-трик во првото полувреме, Родриго го постигна четвртиот гол, а Роберт Левандовски во 34. минута го ублажи поразот на Барселона.

Фантастична партија повторно одигра Џуд Белингем, кој доминираше во средниот ред, беше низ целиот терен и повторно покажа каква класа од играч е. По мечот тој со соиграчите го прослави тринаесеттиот Суперкуп во историјата на Реал, а потоа на трибините виде и транспарент кој го одушеви.

Еден обожавател направи транспарент на кој беа претставени Белингем, Винициус и Родриго како ликови од култната видео игра Grant Theft Auto (ГТА). Белингем отиде до трибината и побара од навивачот да му го даде тоа знаме. 

Тој го зеде, а потоа парадираше околу тревникот и му го даде на Родриго.

Состави

Карло Анчелоти

4-3-1-2

    Ханси Флик

    4-3-3