Белингем: Мбапе и Вини се неверојатни, тие се вистински „лидери без граници“

Англичанецот Џуд Белингем во разговор со шпанските медиуми изјави дека е навистина среќен што игра во Реал Мадрид, а воедно упати и пофални зборови за двајца свои соиграчи - Винициус Жуниор и Килиан Мбапе. 

Белингем смета дека токму овие двајца играчи се „моторот“ на тимот и рече дека е неизмерно среќен што има прилика да учи од нивниот луциден талент, нарекувајќи ги „лидери без граници“. 

„Мислам дека играњето за Реал е сон на секој фудбалер. Мојата мечта стана стварност, а јас се обидувам да придонесам колку што можам за успех на тимот.

Играм покрај двајца лидери без граници, Мбапе и Вини се неверојатни фудбалери. Оваа екипа расте и напредува, тоа ќе биде евидентно и во блиска иднина. Само небото е граница за нас“, рече Белингем. 

„Кралевите“ со победата над Лас Палмас избија на челната позиција во Примера, а во следното коло ќе се соочат со екипата на Ваљадолид на гостински терен.