Белингем ја послушал мајка си: Џентлменскиот потег на Англичанецот ќе остане запаметен!

Борусија Дортмунд не успеа да ја освои титулата германски шампион и покрај тоа што имаше сè во свои раце во последното коло од сезоната. Дортмунд ремизираше на домашен терен против Мајнц 05, додека Баерн го победи Келн и ја одбрани титулата. Натпреварот на „Сигнал Идуна Парк“ беше последен за Џуд Белингем во дресот на Борусија Дортмунд, а тој многу џентлменски си заминува од овој клуб.

И покрај неуспехот, навивачите на Дортмунд на крајот ги поддржаа своите играчи, бидејќи се свесни колку се бореа оваа сезона за да дојдат до тронот, а многумина од нив седеа на теренот во солзи и го гледаа нивното навивање. Поточно, во центарот на вниманието беше англискиот репрезентативец Џуд Белингем, кој по сè изгледа го одигра последниот натпревар во дресот на Борусија Дортмунд.

Белингем е посакуван од многу клубови, а најмногу го поврзуваат со преселба во Реал Мадрид. Тој очигледно веќе одлучи дека е време за нов чекор во кариерата и во саботата се прости од фановите. Сепак, она што многумина ги одушеви е тоа што Белингем навистина џентлменски го напушти клубот, а за тоа сведочеа сите вработени на стадионот „Сигнал Идуна Парк“.

Тој купил подароци за соиграчите, тренерите и членовите на првиот тим, а по натпреварот остварил средба со челниците на клубот, со кои на најдобар начин се простил и им донел подароци.

Но, она што беше особено возбудливо е што тој им подари подароци и на другите вработени на стадионот. Тоа го потврди и еден од обезбедувачите кој со години е вработен на стадионот, а Белингем му ги подари копачките кои ги носеше на последниот натпревар со порака: „Благодарам за сè“.

Германските медиуми пишуваат дека во сето тоа најголема улога имала неговата мајка Дениз, која на синот му објаснила како треба да му се заблагодари на клубот за сè што му дал сите овие години и секако дека Белингем им дал пример на сите како се заминува од клубот.

Состави

Бо Свенсон

3-4-2-1